Временска прогноза за празничниот ден – еве што не чека

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала, а попладне на места и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 17 до 24 степени.

Продолжува периодот на сончево време со постудени утра, а дневните температури ќе бидат во покачување.

Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, кога дневната температура благо ќе опадне, но потоа повторно ќе биде во пораст.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.