Вработување на повеќе позиции во Детски градинки Прилеп и Наставник во основно училиште – АПЛИЦИРАЈТЕ!

На веб страната на Агенцијата за вработување објавени се повеќе огласи за вработување.

Се бара одделенски Наставник во основното општинско училиште “Рампо Левката”. Oгласот е активен до 11.03.2018 година, а надоместот за плата изнесува 19.991 денари.

Во Јавна општинска установа за деца-Детска градинка “НАША ИДНИНА” Прилеп, се бараат:

-7 негователи за грижа на стари лица

Надоместот за плата изнесува 14.772 денари, а огласот е активен до 10.03.2018 година.

Детски градински бараат и еден Хигиеничар на станбен и деловен простор, за што е предвидено плата од 12.000 денари.

Oбјавен е оглас и за 4 воспитувачи, со надомест за плата од 19,574 денари. Огласот е активен до 10.03.

Во оваа јавна инстотиција се бараат уште и: едно лице за работно место ракувач со парни котли со механизирано ложење и две лица за работно место мијач на садови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.