Во недела концерт од светски ранг во градската библиотека во Прилеп

19184293_1394470693922512_935243898_n

Во недела на 18.06.2017 год., со почеток од 19 часот во просториите на Градската библиотека “Борка Талески”, на покана на хармоникашкиот одсек при ООМУ “Oрдан Михајлоски – Оцка” ќе се одржи концерт од светски ранг на младиот музичар Петр Јариненко. Музичкото училиште и нашиот град ќе ја имаат таа чест да ги посети врвниот акордеониста Јури Шишкин. Музичарот од светски ранг Јури Шишкин, ќе земе учество на манифестацијата Охридско лето, и исто така ќе имаме чест да го чуеме во Прилеп, во склоп на концертот на неговиот ученик Петр Јариненко.

Kратка биографија на Петр Јариненко

Петр Јариненко е талентиран музичар, надарен со голем креативен потенцијал, покажувајќи постојано високи резултати на интернационални натпревари. По потекло е од Русија, а во моментов е ученик во класата на заслужниот артист на Руската федерација, Јури Шишкин. Иако е релативно млад, само 15 години, има одржано многубројни концерти. Петар Јариненко е роден на 2-ри април 2002 година. Неговите родители се наставници по географија и уште на рана возраст ги препознале неговите уметнички способности. До својата четврта година Петр учел во детското музичко училиште “Пономаренко”, во градот Краснодар, во класата на професорот Боиченко. Во 2012 тој се запишал на колеџ при ростовскио државен конзерваториум “С.В Рахмањинов”, во класата на двократниот светски шампион Александар Поелуев.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.