Во Аеродром се случувал вистински ХОРОР: Татко објави фотографии од раните на својата ќерка – случајна минувачка со голи раце го спасила детето

Вистински хорор се случувал синоќа во населбата Аеродром во Скопје. Четири деца и две жени вчаравечер во период од 20 до 2 часот, според МВР по полноќ биле искасани од куче.

Од таму утринава информираат дека настаните се случиле во населба Аеродром помеѓу булеварите „Јане Сандански“ и АСНОМ“.

Од кучето скитник каснати биле четири деца на возраст од 10 до 14 години, како и две жени на возраст од 40 и 44 години.

На социјалните мрежи денеска врие и се бара одговорност за ваквиот настан. Еден татко чија помлада ќерка била нападната од кучето, oбјави фотографии од кои може да се види дека граѓаните во овој дел од населбата доживеале невиден хорор.

“Ова се раните на раката на мојата помала ќерка Ума, која вчеравечер беше нападната од куче во населбата Аеродром. Покрај неа искасани се уште 7 деца и 2 возрасни. Детето ми е спасено благодарение на госпоѓа Тања случајна минувачка која со голи раце се нафрли на кучето да ја спаси Ума. Барам правен совет…. Сакам да ги тужам град Скопје и оние од Анимамунди”, напиша Танер Хајретин на својот Фејсбук профил.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.