“ВИЕ ТАМУ И НИЕ ОВДЕ” – Македонецот од Њујорк со ГРОМОГЛАСЕН одговор на навредите

Низата навреди кон македонската дијаспора за масовните протести кои изминатиот викенд се одржаа низ поголем број европски и светски метрополи, предизвикаа реакција и од Горазд Росоклија, експерт за невропатологија од светски ранг, професор на Универзитет „Колумбија“ во Њујорк и член на Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) надвор од работниот состав.

ВИЕ ТАМУ И НИЕ ТУКА

Основното прашање е следно.

Дали сме согласни дека прашањето за името не е прашање како ќе се вика државата туку е прашање дали државата ќе постои како македонска и дали нацијата ќе постои како македонска?

Црквата е веќе бугарска, бугарските историчари почнаа да ни ја пишуваат историјата, историјата што сме ја создавале како Македонци станува фуснота во бугарската историја, историја на македонските Бугари, се воведува двојазичност која на Албанците воопшто не им треба, но е прв чекор кон федерализација и поделба на државата…

Ако сѐ ова го гледаме идентично, дали е можно дека вашиот и фокусот на поддржувачите на власта, а и на опозицијата, е погрешно свртен против или кон нас, а не кон тоа што ви се случува вам таму, а се случува со нашата држава, нашата татковина, ваша и наша?

Дали ги слушате грчките функционери?

Тие не бараат промена на име, бараат непостоење на македонска нација. Не од сега, од секогаш.

Како е можно вие млади луѓе во Македонија, да покажувате таква нетолеранција кон различно мислење, мислењето за тоа што се случува со Македонија кое го имаме ние во дијаспората без оглед на возраста?

Ниту ние ви бираме влада, ниту има механизам да го направиме тоа.

А токму владата која вие сте ја одбрале, вас таму ве води во амбис. До крајот на годинава ќе живеете во распарчана Македонија како автономна покраина на сиромашна европска држава, Бугарија. И воглавно ќе живеете од социјална помош од европски пари.

Во меѓувреме ќе ја сменат и етничката карта на Македонија со најмалку 150.000 избеглици и вашите соседи ќе бидат луѓе родени во Африка и Азија.

Дали со нив ќе живеете во поголема слога отколку со нас?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.