(ВИДЕО) Страшен пожар во највисоката стамбена зграда во Дубаи: По втор пат се запали кулата “Факел”

dubai

Највисоката стамбена зграда во Дубаи по втор пат ја зафати силен пожар. Зградата е висока 335 метри и има 84 ката.

Пожарот избил на 50-иот кат пренесуваат светските медиуми. Според Си-Ен-Ен кулата била навремено евакуирана и нема повредени, а две возила кои биле паркирани пред неа експлодирале од опожарените остатоци кои паѓале надолу.

Кулата позната како “Факел” гореше и во февруари 2015 година.

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.