(ВИДЕО) Секоја година поминува илјадници километри за да го види човекот кој му го спасил животот

Неверојатна приказна за пријателство меѓу човек и животно ни пристигнува од Бразил.

Во март 2011 година пензионер од Бразил, Жоао Переира де Соуза (71), во близина на својата куќа пронашол пингвин од Патагонија кој бил исфрлен од морето на брегот.

Пингвинот бил полиен со нафта и се борел за живот. Жоао го исчистил пингвинот, го нахранил и се обидел да го врати во морето.

Меѓутоа, Јинг Јинг, како што го викаат, не сакал да го напушти својот спасител и секој пат кога Соуза се обидувал да го врати во морето, пингвинот се враќал во неговата куќа.

Тој повремено заминувал во морето, понекогаш го немало и со месеци, но секогаш се враќал.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.