“Се пробудив пред една недела, се опоравувам од ден на ден”, се наведува во соопштението кое го објави британската полиција.
“Се е во ред, татко ми се оправува и спие”. Таа се заблагодарила и на персоналот во болницата за нивната професионалност и посака да се зачува нивната приватност додека целосно не закрепнат.
Таа изјавила дека цела оваа епизода за неа е малку дезориентирачка и дека се може да се поправи.
Министерството за надворешни работи на Велика Британија одби да и ги предаде на Русија супстанците со кои се отруени Сергеј и Јулија Скрпаљ.
Братучедката на Јулија, Викторија Скрипаљ, изјавила дека ќе се обиде да ја врати назад во Русија.