(ВИДЕО) ОВОЈ ОСТРОВ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА СВЕТОТ: Се повеќе се зголемува, а сега е три пати поголем од Франција

Најголемото “складиште” на пластика во светот, познато како “голем пацифички остров”, сега има површина три пати поголема од Франција, покажа најновото истражување.

Фотографиите од воздух покажуваат дека во големата океанска акумулациона зона, западно од Калифорнија, има околу 79.000 тони пластика. Тоа е за 16 пати повеќе од поранешните проценки. Резултатите сугерираат дека таму има многу повеќе пластика од тоа што сметале научниците.

Ситни токсични честички влегуваат во нашата храна преку уловените риби.

“Големиот пацифички остров од ѓубре се наоѓа на половина пат меѓу Хаваите и Калифорнија”, вели коавторот на студијата и научник од “Оушн клинап” фондацијата, Лорен Лебертон. “Го формираат морските струи кои се сретнуваат на тоа место, па таму се акумулира пластичниот отпад”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.