(ВИДЕО) МОРНИЧАВА СЦЕНА НА ГРОБИШТА: Ја пронашле како седи на гробот, а покрај неа имало шише со крв

Кукла која потсетува на опседнатиот Чаки снимена е како седи на гробишта и со очите ја следи камерата. Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи и за еден ден го погледнале 341.000 луѓе.

Покрај детската играчка има и мало шише кое е наполнето со црвена течност, која изгледа како крв.

Видеото е снимено во Бразил, но се појави и на медиумите во Мексико. Некои велат дека тоа е “ѓаволска кукла”, а некои дека движењето на очите е само оптичка илузија.

Страшните куклу не се чудна појава во Мексико. Постои дури и остров посветен на нив. На само неколку километри од Мексико Сити се наоѓа остров на кој дрвата се “украсени” со илјадиници морничави кукли.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.