(ВИДЕО) ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ ОД МРАЗ ОД КОЈ ЌЕ ВИ ЗАСТАНЕ ЗДИВОТ: Температурата во собите е -5 степени, а возењето низ ходниците лудо

 

Секоја година од 1989 до сега, во Шведска се гради хотел од мраз во село кое се наоѓа во Арктичкиот круг. Новиот хотел кој се вика “28-ми Хотел од мраз” е направен и оваа година и изгледа како тука да има ледено кралство.

Хотелот е отворен овој месец во Лапонија, а на гостите им нуди престој во соби и апартмани кои во целост се направени од мраз. Целиот хотел е украсен со уникатни дела на локален уметник.

Овој хотел има и леден бар, сала за конференции и замрзнато игралиште за деца. На конструкцијата на хотелот работеле вкупно 36 уметници од 17 различни земји од целиот свет, пренесува Дејли Меил.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.