ВИДЕО: ”Заев не вети дека спортот во Прилеп ќе умира?! Тие околу него сега молчат?”

Премиерот Заев денеска е во посета на општина Прилеп, место каде пред нешто повеќе од една година беше присутен секој трет ден за време на предизборната кампања за парламентарните избори.

При секоја негова посета на градот херој, Заев се однесуваше како Дедо Мраз и ветуваше се’ и сешто.

Сепак, малку од тоа што ветуваше или речиси ништо, денес е преточено во реализација.

Она што денеска е најболно и со неверување се дочека од јавноста во Прилеп, е згаснувањето на ракометниот клуб Прилеп и укинувањето на средствата од општината за фудбалскиот клуб Победа.

Иако сегашниот премиер на 3 декември минатата година вети низа погодности за спортистите и спортските работници и тоа во градот кој важи за репер и предводник на сите спортски успеси во нацијата, денеска истиот тој град веројатно одново ќе остане гладен за спорт и ќе жали за спортски натпревари.

На прилепчани премиерот денеска треба да им објасни, каде е проектот за спортски фонд, каде е проектот за пензиско и здравствено осигурување на спортистите и како планира да го врати, како што тогаш рече, спортот на спортистите, кога пред згаснување или со сериозни проблеми се соочуваа, двата најголеми спортски клубови во градот?

Вакво објаснување треба да дадат и луѓето кои на таа прес-конференција се околу Заев, а се некогашни репрезентативци или истакнати спортисти, кои денеска преку политиката и определеноста за СДСМ зазедоа дури и раководни позиции.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.