АПСУРД: ”Пензиите намалени, директор со ново возило од 32.000€, ова ли е животот? Заев сеуште го нема разрешено? “

Прилепскиот директор на Државниот Инспекторат за земјоделство кој пред Нова година се подновил со ново службено возило до 32.000 евра, сеуште не е разрешен од премиерот Заев и министерот Николовски.

Како што објави порталот “Курир”, В.Д. директорот Јане Станкоски според договорот за јавна набавка кој го склучил со компанијата Јосифов од Битола, на 25 декември минатата година, купен е автомобил од типот седан за цена од 2.010.124 денари.

Ако се провери компанијата Јосифов на интернет може да се види дека станува збор за овластен дилер на автомобилите од типот Шкода, па според неофицијалните информации, станува збор за супер луксузна Шкода Супер Б , најскапата лимузина од гамата на овој производител.

Иако министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски пред неколку дена го посети Прилеп, изостана санкцијата за Станкоски.

Додека Николовски ги убедуваше земјоделците за наводната вложеност на оваа влада за нивни подобар живот, не кажа ни збор за луксузирањето на нивниот директор.

И после речиси два месеци од оваа енормна набавка на возилото, нема никаков одговор ниту од директорот, ниту од било кој од надлежното министерство или владата.

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.