Не е некоја нова вест дека во пресрет на Велигденските празници цената на свежата салата достигнува неверојатни вредности. Ако ги гледаме цените сега, на нешто повеќе од месец дена пред Велигден, не треба да очекуваме некоја различна ситуација.
Во моментов килограм домат во еден од поголемите ланци на маркети чини 135 денари. Краставиците се 84 денари за килограм а една марула 25 денари. Еден врзоп млад кромид чини 29 денари.
Цените варираат од место на место но разликите не се многу големи.
Тоа што може да не спаси е фактот дека Велигден оваа година се паѓа прилично доцна, на 5 мај а тогаш и домашното раноградинарство има поголемо производство.
Граѓаните се веќе навикнати за најголемиот верски празник кога царуваат свежите салати за нив да плаќаат мало богатство.
Извор: “Пресс24”