Јовчески: Прилеп ќе добие кружни текови кај Табана, кај Тинекс и кај новата автобуска (Видео)

Cообраќајот во Прилеп е секојдневен проблем на граѓаните кој го засега буквално секој кој е вклучен во сообраќај и како возач, но и како пешак или велосипедист – истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Д-р Борче Јовчески.

Прес конференцијата на Д-р Јовчески во целост во продолжение:

-Мотивирани од Вашите предлози, а во соработка со професионалци на тоа поле, во нашата програма вклучивме неколку решенија на овој проблем со кои што сме сигурни дека сообраќајот ќе се растерети, а исто така ќе се зголеми и сигурноста на учесниците во сообраќајот.

Затоа, гордо ви ги претставувам проектите за изградба на кружни текови и тоа на локации кои во моментов претставуваат најголем проблем тоа се: кружен тек кај зграда Табана, кружен тек кај Тинекс, кај Новата автобуска станица како и изработување на техничка документација за кружен тек кај Градска кафеана.

Изградбата на кружните текови покрај што ќе го растерети сообраќајот, ќе го намали времето на чекање на граѓаните но ќе придонесе и за почист воздух во градот и поздрава животна средина, спречувајќи ги возилата кои се во чекање на семафори.

Покрај овој значаен проект би сакал да го напоменам и проектот за комплетна реконструкција на влезовите во градот. Ќе се согласите дека Прилеп заслужува да изгледа европски, но не само тоа, туку и да има функцинонална инфраструктура.

Свесни сме дека правецот Крушево – Прилеп како и влезот од Македонски Брод до Прилеп, изгледаат секако само не е европски, па затоа ќе ги реконструираме и тоа не само патната инфраструктура туку и ќе направиме велосипедски и пешачки патеки.

Со тоа граѓаните а посебно велосипедистите, ќе имаат сигурна траса по која што ќе можат да возат и да го поминуваат времето градејќи здрави навики.

Заеднички, со вашата поддршка и нашиот несомнен вложен труд, ќе го направиме Прилеп град со кој што секој Прилепчанец ќе се гордее. За поубав Прилеп! Затоа што, вие, граѓаните, го заслужувате тоа!






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.