Јапонски филмови во Центар за култура Битола и оригами работилница

Денес во Центарот за култура Битола, Aмбасадата на Јапонија во соработка со Јапонската фондација ќе прикажува две бесплатни проекции и работилница со оригами во рамки на 19-тото издание на Неделата на јапонски филм.
Анимираниот филм „Деца на морето“ од 15 ч. и играниот филм „Чекор“ од 20 ч. се бесплатни и не се потребни резервации.
Работилницата за оригами од 18 ч. со Јошијо Којама со сите обезбедени материјали е бесплатна, но потребна е резервација, на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfZf8VWmVLhi9AjwfSmGRxoaN8lNb5HWjSTc-8yhBx-y_xJ-Q/viewform
Филмовите се на јапонски јазик со превод на македонски и англиски, додека за работилницата работен јазик е англиски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.