Јанушев:”Ултрапандемија заради Заев? Нема шанси!”

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, по неговата денешна прес-конференција, одговараше на новинарско прашање за можниот датум на избори во јуни.

На прашањето: „Сметате ли дека земјава после ваков период треба да оди на избори во јуни со оглед на тоа што се најавува нов бран на вирусот на есен“, Јанушев одговори:

-Во принцип хипотетички прашања не одговараме, но еве со оглед на тоа што се однесуваат за човекот којшто буквално утна се што кажа и постави сосема погрешна прогноза за тоа како идеа сите работи до сега. Најпрво велеше дека не треба да се носат маски, па дека па после дека треба да се носат маски. Човекот којшто намерно не тестира толку многу само за да ја држи бројката на заразени во некои „нормален тренд“ на пораст односно ниско. Она што е важно е дека нема да дозволиме заразување на целата држава при огромен број на заболени само за Заев и СДСМ да го намалат поразот. Било кога да има избори, било каде да има избори, било како да се организираат изборите, ВМРО-ДПМНЕ победува. Но, не е само поентата ВМРО-ДПМНЕ да победи кога цела држава ќе биде заразена. Формирање на таква влада воопшто не посакуваме, порача Јанушев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.