Штрајк на културните работници: Бараат повисоки плати и уредување на работните односи

(Соопштение од Синдикална Организација на Синдикатот на културата на Република Македонија при НУ Завод и Музеј – Прилеп)

“Ја информираме јавноста дека Синдикатот на културата на Република Македонија започнува со штрајк на 24.12.2019 година, заради непотпишување на Колективниот договор, кој не подразбира само покачување на плати, туку и уредување на работните односи, каде владее тотален хаос веќе 15 години.

Приоритет на СКРМ е уредување на работните односи на една стабилна основа која во иднина ќе се надградува. Рокот за одговор на Министерството за култура на доставената намера за штрајк истече на 18.12.2019 година.

Од нивна страна не добивме никаков одговор, па Советот на СКРМ одлучи да ја активира последната правна алатка. Штрајкот ќе се одвива во просториите на установите и значи целосен прекин на работата на вработените носители на дејност, помошно-технички персонал и административен кадар.

Штрајкот е со предупредувачки карактер и ќе трае еден ден, а по завршувањето на новогодишните празници ќе се радикализира и ќе трае до целосно исполнување на нашите барања.

Синдикалната Организација на СКРМ при НУ Завод и Музеј – Прилеп ја известува јавноста дека на 24.12.2019 г. (вторник) сите изложбени поставки се затворени за посетители и целосен прекин на работата”.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.