Што се случува со Прилеп?! Полицискиот билтен полн со вести за прилепчани – дрога, возење без возачка, насилство…

Извадоци од полицискиот билтен на МВР:

-На 13.08.2026 во 15:00 часот на ул„Пере Тошев“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Ч.К.(35) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена грутчеста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

-На 13.08.2026 во 19:30 часот на ул.„Тризла“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.А.(46) од Прилеп. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од А.А., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

-На 13.08.2026 во 21:50 часот на ул.„Васко Карангелески” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Х.Б.(41) од Прилеп. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле возило „мицубиши“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Х.Б., при што било констатирано било дека управува за време на активна мерка забрана, а притоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

-СВР Тетово поднесe кривична пријава против В.М.(42) од Прилеп и Б.С.(37) од село во општина Желино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 14.06.2026 во Тетово, второпријавениот под дејство на алкохол ја напуштил првопријавената со нивното тримесечно бебе на улица, а потоа првопријавената ја превртела количката, при што бебето паднало на асфалтот.

-На 13.08.2026 во 19:20 часот на ул.„Тризла“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Б.Б.(38) од Прилеп. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од Б.Б., при што било констатирано дека го управувал без возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

-На 13.08.2026 во 16:15 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.Б.(37) од Прилеп затоа што се заканувал на неговите родители. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.