Што покрива осигурувањето од провална кражба и разбојништво?

Пакетот СН ДОМ ги покрива ризиците од провална кражба и разбојништво. За да може корисникот на осигурувањето да ги оствари своите права за овој тип на ризик задолжително треба да се направи полициски записник за настанатата штета, бидејќи тоа е основата врз која постапува осигурителната компанија.

Што покрива осигурувањето од провална кражба и разбојништво и дали се признаваат штети во однос на пари, скапоцености, злато, хартии од вредност и скапи слики? Ова се најчестите прашања кои осигурениците ги поставуваат во однос на осигурувањето на домаќинството од овој тип на ризици.

„Пакетот СН ДОМ ги покрива ризиците од провална кражба и разбојништво, што подразбира насилно влегување во осигураниот објект преку обивање на врата или прозорец, кршење на стакло, обивање на дограма и слично. За да може корисникот на осигурувањето да ги оствари своите права за овој тип на ризик задолжително треба да се направи полициски записник за настанатата штета, бидејќи тоа е основата врз која постапува осигурителната компанија.“-велат од најголемото осигурително брокерско друштво во државата, СН Осигурителен брокер А.Д. Битола.

„Кога осигуреникот е оштетен во провална кражба или разбојништво се признаваат штетите настанати од обивањето, на пример обиена врата, прозорец, замена на стакло или на врата ако истите се оштетени, како и целосната штета која што ќе настане во домот при самиот акт на провала, разбојништво или кражба. Опфатени се и штети кај предметите од домаќинството, во што спаѓаат бела техника, телевизори, компјутери, покуќнина, часовници… Се што е оштетено или украдено мора прецизно да се пријави во полиција и тоа да биде внесено во записникот.“-појаснуваат од таму.

Додавават дека често осигурениците прашуваат дали се признаваат штети во однос на пари, скапоцености, злато, хартии од вредност и скапи слики. „Доколку странката сака да се осигури и во однос на ваков ризик потребно е истото најпрво да се специфицира при склучувањето на осигурителната полиса. Во полисата исклучиво мора да се нагласи дека клиентот поседува скапи слики доколку сака истите да бидат опфатени со осигурувањето. Што се одонесува со парите, скапоценостите и златото, тие мора да се чуваат исклучиво во сеф. Исто и кај нив потребно е тоа да се специфицира при изготвувањето на полисата.“-велат од СН Осигурителен Брокер, додавајќи дека подетални информации можат да се добијат на веб страната www.snbroker.mk или на телефонскиот број 15 770.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.