Целовечерен концерт на Октетот “Прилеп” во четврток: Љубителите на убавата староградска песна ќе уживаат во “Марко Цепенков”

Октетот ,,Прилеп,, во четврток 15 август 2019 од 20.00 часот во фоајето на ЦК„Марко Цепенков“ ќе одржи целовечерен летен концерт и пред љубителите на убавата староградска песна ќе се претстави со избрана програма.

Посетителите ќе можат да уживаат во изведбите на повеќе староградски песни, и во настапот на октетот. Гостин на вечерта ќе биде вокалната група „Серенада„ од Скопје.

Октетот години наназад работи под покровителство на ЦК,,Марко Цепенков,, и ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали. Досега има издадено неколку албуми.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.