Хуманоста на дело: Момчето кое го фати светиот крст во Делчево го донираше телевизорот кој го доби како поклон (Видео)

Васе Панчовски, момчето кое денеска на Богојавление-Водици, беше најсреќен и прв стигна до светиот крст во Делчево, добиениот поклон телевизор од компанијата “Зегин”, го донираше на едно семејство.

Од порталот “delcevo365.mk” го снимија овој хуман гест на нивниот сограѓанин, а потегот на Васе предизвика голем број позитивни реакции на социјалните мрежи.

Васе и неговите другари на семејството му подарија и икона со Богојавление.

ВИДЕО: “Делчево365”


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.