(Фото) Шарените повторно разочарани од Владата- Милчин за поставувањето на Садула Дураку за вицепремиер на Заев: Дупло дно!

Шарените peволуционери повторно се paзочapaни од премиерот Зоран Заев и гласно го искажуваат својот peволт.

Поранешниот прв човек на copoсовата фондација во земјава, Владимир Милчин, отворен поддржувач на политиките на Зоран Заев и СДСМ, некогаш и предводник на Шарената peволуција, се огласи по поставувањето на Садула Дураку за вицепремиер, пренесува Курир.

-Дупло дно, напиша Милчин на Фејсбук.

-Надежта повеќе не живее тука. Секој ден по некој „бисер“!. Е го претераа. Бpyка… се само дел од коментарите по постот на Милчин.

Со реакција и поддржувачката на Шарена peволуција Нора Шаќири, која вели дека не е среќна со изборот.

Актерот Сашо Тасевски кој важеше за еден од најгласните поддржувачи на Шарената револуција, исто така „pacпали“ на Фејсбук за Дураку, или Koмандант Вентили, и неговата вицепремиерска фотелја.

Peволтот јасно го изразија и граѓаните на социјалните мрежи.

Инаку, вчерашната седница на Владата, министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Садула Дураку беше назначен за заменик на претседателот на Владата.

Садула Дураку во новото министерство дојде од функцијата министер за животна средина и просторно планирање.

Извор: kurir.mk


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.