ФОТО: Мачка мора да носи очила за сонце 24 часа на ден, погледнете зошто

Мачката Бејгел мора 24 часа на ден да носи очила за сонце, поради неверојатна причина.

macka-so-ocila

Таа е родена без очни капаци, па токму поради тоа мора постојано да носи темни очила за сонце за да си го заштити видот.

Бејгел е стара 2 години, а откако е родена постојано мора да прима капки за очи, бидејќи поради состојба очите не можат да и произведуваат солзи.

1macka-so-ocila

Исто така, таа не може да си ја регулира телесната температура, па понекогаш мора да носи и облека.

Бејгел стана вистински хит на социјалните мрежи, па на Инстаграм има голем број следбеници.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.