(ФОТО) Жителите на прилепското село Чумово се кpeнаа на бунт пpoтив Општина Прилеп и градоначалникот Јованоски

Жителите на прилепското село Чумово денеска требаше да добијат тамониран пат и да им се олесне движењето до градот.

Според нив од утрово дошле машини кои поставувале тампон по патот, но слојот бил минимален, па мештаните велат дека првиот дожд би го однесол.

Покрај тоа за тампонирање на целиот пат недостасувале уште 2-3 камиони со тампон, материјал кој требало да го одобри градоначалникот Илија Јованоски.

Откако биле известени дека нема да добијат целосно тампонирање, жителите со трактори и друга земјоделска механизација го блокирале патот и на тој начин го изразиле своето незадоволство кон општината.

Тие додаваат и дека со свои средства купиле цевки кои барале да бидат поставени, но од фирмата изведувач биле известени дека тоа нема да се случи сега.

Велат дека нема да дозволат да се изведуваат работите додека општината не им излезе во пресрет и целосно и квалитетно да го тампонира патот.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.