(Фото) Град со големина на орев предизвикал големи штети во Србија

Силно невреме попратено со дожд и град со големина на орев го зафатил центарот на Арија и околните села, доцна синоќа.

Западна Србија вчера беше погодена од силно невреме. Град со големина на орев беше забележан во општина Сјеница, каде невремето предизвика штета на покривите на куќите и автомобилите.

Невремето сериозно ги погоди селата Багашиќ, Горња Вапа и Штав.

„Невремето беше страшно, небото се спушти на земја и тогаш започна градот. Сето тоа траеше околу 15 минути и верувајте ми дека се исплашивме. После ова не останува ништо од жетвата“, рече Жељко Враниќ од Сјеница.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.