(Фото галерија) Од денеска вашите најмали ќе блескаат во секоја пригода! Прилепската чаршија го доби REPUBLIC KIDS

Најмладите момчиња и девојчиња во Прилеп од денеска имаат ново место каде да се облечат од глава до пети. Од денеска прилепската чаршија е побогата со уште еден продажен објект на веќе докажаниот моден бренд.

Сопствениците на добро познатиот бутик REPUBLIC ја прошируваат својата дејност и го отворија REPUBLIC KIDS, урбано катче каде ќе најдете модерна бајка за вашите најмили.

Бутикот се наоѓа отспроти спомен обележјето на Пеце Атанасовски. Го краси еден посебен шарм, мирис на ново, стилска уреденост и пред се голема снабденост.

За квалитетот нема да ви раскажуваме, и самите веќе добро знаете дека сопствениците се познати по тоа што нудат врвен квалитет на своите муштерии. Не случајо REPUBLIC e eдна од главните дестинации во чаршијата за купување облека, и тоа не само за прилепчани, туку и за многумина кои доаѓаат од други градови.

Во REPUBLIC KIDS ќе најдете буквално се’ за вашите најмили, од лежерна и секојдневна облека, до модерна гардероба за свечени моменти, родендени, излегувања… Вашите дечиња ќе блескаат во секоја пригода.

Целта на сопствениците е да им понудат на купувачите врвен избор, квалитет и удобност, а сето тоа по пристојни цени достапни за сечиј џеб.

Велат дека REPUBLIC KIDS ќе биде место кое ќе зрачи со посебна љубов, бутик каде детските среќни очи ќе бидат најважни и каде малите господа и дами секогаш ќе го добиваат НАЈДОБРОТО! Всушност неговото височество – детето тоа секогаш и го заслужува.

Ни беше задоволство да го проследиме овој среќен момент и заеднички со многуте гости да се увериме во широкиот избор на детска облека што REPUBLIC KIDS го нуди.

На сопствениците им посакуваме успешна и плодна работа, а вам ви препорачуваме уште денеска да ги посетите.

Нека вашите најмили чекорат со самодоверба и растат во удобност!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.