Фотографија која буди емоции и носталгија: Кој Прилеп повеќе ви се допаѓа, некогаш или денеска?

Прилепската булеварска коцка и широката празна улица со жардинери на средината не така одамна беше една од најпрекрасните централни сообрајќајници во земјава.

Пред повеќе од 40 години, гранитната “калдрама” на корзото и центарот падна под налетот на асфалтната офанзива.

Но, останува врската на граѓаните со коцката на Булеварот. Сликата сведочи за едно време кога коцката и урбаното решение со липи и тротоари со цвеќиња и зелени огради била “холивудска авенија”, во споредба со браздите и раскалените сокачиња на периферијата.

Скромната инвентивност на архитектите, сиромашната понуда на материјали и уште поскромните финансиски градски фондови дозволувале да се удри по прашината и блатото само со коцки.

Денес се враќа модата на коцките и на гранитните и мермерните плочи. Тие сега го туркаат асфалтот во депониите, оти се смета дека овие материјали ги бидува за пешачките зони.

Како и да е, татнежот на времето носи новини, но контурите од пред 60 години остануваат во срцето на градот.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.