Фонтаните во Прилеп гргаат на сите страни: Не сме толку богати да се расфрламе со вода каде ќе стигнеме (ВИДЕО)

Фонтаната на плоштадот “Александрија” во центарот на Прилеп, наспроти Комерцијална Банка, се расипа. Вода грга на сите страни, граѓаните бараат итна реакција на надлежните да се исклучи фонтаната или да се поправи – oбјави порталот “Инфо Компас”.

Синоќа пак наши читатели ни испратија видео од фонтаната кај катната гаража, која исто така неколку дена прави вирови по улицата.

За неразумното трошење на водата информиравме и во изминатите денови кога граѓаните забележаа слични појави во центарот на градот.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.