Филипче кажа кога се очекува вакцината пpoтив Koвид-19 и колку граѓани ќе се вакциниpaaт

Министерот за здравство, Венко Филипче во вчерашното интервју во емисијата “Само вистина” на “Канал 5” рече дека се очекува вакцината за Koвид-19 да пристигне на почетокот на следната година.

“Во крајна фаза е оксфордската вакцина. Ние аплициравме за Ковакс системот со кој ќе обезбедува вакцина за 20 посто од населението.

Тоа се 800.000 дози, бидејќи секој ќе треба да прими по две дози од вакцината. Очекувањата се дека вакцината ќе биде достапна на почетокот на следната година.

Во првите неколку месеци од наредната година. Исто така, Полска ни понуди да ни продаде дел од нивната количина. Мицотакис му најавил на Заев дека ќе може да сметаме и на одредена количина и од Грција.

Вакцината не е влезена во календарот за вакцини и ќе биде на доброволна база, но ќе имаме силна кампања”, рече Филипче.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.