Екс министерот за странски инвестиции Веле Самак кој има и американско државјанство го нарече фашист американскиот сенатор Крис Марфи кој за време на посетата на Македонија се закани дека ако земјава не го смени уставот и не ги стави Бугарите во него може да бидат нарушени односите меѓу Америка и Македонија.
,,Ако нема реакција на овој фашист од Македонски заедници во Америка како Обединета Македонска Дијаспора и слични, тури му пепел. Барем ќе му стани на сите јасно што значело Македонија2025″, напиша вообичаено смирениот Самак кој очигледно е погоден од заканите од Марфи.
Ако нема реакција на овој фашист од Македонски заедници во Америка како @UMDiaspora и слични, тури му пепел. Барем ќе му стани на сите јасно што значело Македонија2025. https://t.co/lNYUiyYNeu
— Vele Samak ???? (@vsamak) May 27, 2023