Прилепскиот театар “Војдан Чернодрински” на 27.05.2026 ќе ја одигра премиерата на претставата “Девојките на Марко”.
„Девојките на Марко“, според Боинг Боинг од Марк Камолети
Превод, адаптација и режија Синиша Евтимов
Сценографија и костимографија : Илина Ангеловска
Избор на музика : Синиша Евтимов
Играат:
Димитар Ѓоргиевски – Марко
Илија Волчески – Војдан
Јасмина Мицовска – Станкоска – Габриела
Марија Спиркоска Илијеска – Марта
Наташа Ачански – Грета
Лора Штарго – Глорија
Техничка екипа:
Инспициент – Елена Иваноска
Светло мајстор – Гоце Ристоски
Тон мајстор – Томе Темелкоски
Суфлер – Кети Јанчески
Сликар исполнител – Пеце Ристески
Реквизитер – Гоце Тодороски
Гардеробер – Снежана Ѓорѓиоска
Фризер-перикер – Даринка Богоеска
Декоратери – Сашо Смоквоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски
Боинг Боинг е класична фарса. Станува збор за текст напишан пред 60тина години и до денешен ден и повеќе од успешно живее на сцените ширум светот. Она што е фасцинантно околу овој текст, е и фактот што е влезен во Гинисовата книга на рекорди, како најмногу поставуван Француски текст, воопшто.
Во нашата верзија, во„Девојките на Марко“, имаме асимилација на ликовите и топонимите, а дејствието го пренесуваме во современ и модерен Прилеп од иднината или подобро кажано, Прилеп од паралелен универзум. Заплетот е многу едноставен и е проектиран околу животот на еден релативно успешен млад човек, Марко и неговите проблеми со три девојки, со кои, тој се забавува, во прецизно определени временски периоди, внимателно испланирани, со цел тие никогаш да не се сретнат. Битен фактор за оваа игра да успее, е нивната професија.
Сите три се стјуардеси, со свои планови на летање кои не се поклопуваат, се разбира до кобниот ден, кога токму тоа ќе се случи. Во целата збрка, се вклучува и најдобриот пријател на Марко, Војдан, кој се обидува да му помогне на својот пријател во емоционалното жонглирање. Несуден диригент на оваа лакрдија е куќната помошничка на Марко, Марта, која е постојано на сцената и со многу импровизации се обидува да ги оправда нештата кои се случуваат околу неа.
Ова е претстава за ведрата страна на животот, за оние мали искри во секој од нас кои го стартуваат „joie de vivre”.За пријателството, и неговото значење во моментите кои го одредуваат патот кон остатокот од животот. Претстава која со сигурност ќе донесе свежина на репертоарот на театарот „Војдан Чернодрински“.
Совршен проект за добра забава и сериозна игра на фантастичниот ансамбл и добра причина за Прилепчани да ја полната салата на домот на културата, во отсуство на вистинска театарска куќа, се надевам, не за долго – режисерСиниша Евтимов.
Следна претстава е закажана за 30.05.2026 во 20.00час





























