Убавината на фyдбалот: Со бpoд патyвaa 2.000 км за да стигнат на Афpиканcкиот Кyп и peмизиpaa пpoтив големиот фавopит (Фото)

Фудбалската репрезентација на Сиера Леоне е рангирана на 108-то место на рангирањето од ФИФА и оваа година игра на Африканскиот куп на нации за прв пат после 1996 година.

Навивачите во четвртокот ги испратија фудбалерите бакнувајќи им ги стапалата, а во Камерун пристигнаа со брод, поминувајќи дури 2.000 километри.

На нивниот деби натпревар во групата Е, Сиера Леоне ремизираше со силниот Алжир (0-0) и приреди големо изненадување.

Фудбалерите не можеа да ги задржат солзите од емоции откако ја слушнаа нивната национална химна, а нерешениот резултат го славеа како победа.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.