Трошела по 850 евра за појадок месечно: Отворена иcтpaга за премиepката на Финска

Финската премиерка Сана Марин се соочи со истрага за контроверзен додаток на пари, за кој тврди дека ги покрива трошоците за појадок во нејзината официјална резиденција.

Финскиот дневен весник „Илталехти“ доцна во неделата објави дека станува збор за додаток за трошоците за појадок во износ од 850 евра месечно, што е скоро три пати повеќе од проценката на весникот кога првпат пишуваше за тоа минатата недела.

Весникот се распрашува дали Марин има право на додаток за појадок, објави бриселскиот портал „Политико“.

Во соопштението за печат издадено доцна синоќа, Кабинетот на премиерот потврди дека од јануари 2020 година до мај 2021 година, трошоците за користење на угостителските услуги на Марина за време на нејзиниот престој во службената резиденција изнесуваат 14.363,20 евра или просечно 845 евра месечно .

Трошоците вклучуваат појадок и ладни оброци, се наведува во соопштението.

Марин рече дека ги почитува правилата за барање на додатокот како што и беше објаснето кога ја презеде функцијата во 2019 година.

„Немав идеја, се разбира, дека има некаква двосмисленост во врска со додатокот за појадок“, рече таа за националната телевизија YLE.

Марин рече дека додатокот за појадок го користеле многу претходни премиери, но и дека правилата ќе бидат прегледани и ажурирани доколку е потребно, пренесува Танјуг.

Полицијата во Хелсинки соопшти дека одлучила да го испита случајот за да утврди дали имало прекршоци.

Тие изјавија дека ќе ги истражат постапките на вработените во Марина, а не на самата премиерка.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.