Титулата сигурно ќе биде во Прилеп, а Младост 96 атакува тоа да биде во нивната витрина: Потпишани нови засилувања на полусезона

Сениорската екипа на Младост96, за пролетниот дел од Супер лигата во пинг понг, спoред тоа што Управата на клубот го доведе во зимскиот преоден рок, несомнено ќе бидат најсериозни конкурент за шампионската титула, која би била прва во нивната историја.

Имено досегашниот играчки кадар кој на полусезона го зазема третото место со два порази зад есенскиот шампион и градски ривал Младост, се засили со српскиот репрезентативец Стефан Костадиновиќ, со осумкратниот македонски шампион кој последнава полусезона настапуваше во Германија, Кристијан Станојковски, како и со Раиф Рустемовски нашинец кој живее и игра во Шведска.

Заедно со досегашиот играчки кадар кој е најмлад во лигата: Александар Рикалоски, Петар Костовски, Андреј Лашкоски, Бранислав Миленковиќ, под раководство на тренерот Гоце Тошески, ќе бидат со најголеми изгледи за освојување на титулата.

Во разговор со Златко Рикалоски кој е Потпретседател на ППФМ, како и еден од водечките луѓе на клубот, ни посочи дека управата на клубот беше доста активна во доведување на играчи, кои ќе ги пополнат сите алки во тимот.

“Ова е тим на репрезентативци. Целиот тим е репрезентацијата на Македонија и еден репрезентативец на Србија. Направвме тим кој ќе може не само да ја донеси титулата во Прилеп, туку и со доста успех да се натпреварува и во Европските купови, каде ППК Младост 96 несомнено ќе учествува оваа есен. Очигледно е дека финансиската состојба на клубот е стабилна, благодарение на спонзорите на клубот, како и доделениот ваучер од страна на АМС. Тимот ќе се припрема и работи во пингпонгарската сала Партизан од 15 јануари, а од 20 февруари обезбедени се и припреми на екипата во соседна Србија во Ниш, за што подобро клубот да се спреми за почетокот на првенството и атакување кон целта на клубот, а тоа е шампионска титула. Припремите ќе се обавуваат заедно со суперлигашот од Србија, Железничар од Ниш. Оваа година имаме јасна цел доведување на шампионски пехар во нашите витрини. Градскиот ривал Младост како есенски шампион мора да го почитуваме и цениме, бидеќи имаат доста добар тим во Јочкоски и нивниот странски играч Дејан Оцокољиќ. Едно е јасно дека титулата ќе биде во Прилеп, а според она што го направивме во преодниот рок се надеваме дека ќе биде кај нас. Исто така сакам да напоменам дека прилепските екипи се тие кои го подигнаа нивото на квалитет на пингпонгот во Македонија”, вели Рикалоски.

Првенството во Супер лигата започнува на први март каде екипата на Младост96 е слободна, а од 8 март на вториот турнус, кој се игра во Скопје, Младост96 ќе игра со ППК Радовиш и ППК Телеком Нец.

Исто така клубот работи и со пионерската и младинската екипа, каде од февруари ќе започнат вторите бодовни турнири на Македонија, како и поединечните државни првенства.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.