Тешка сообраќајка на ул. “Прилепска” во Битола: Автомобил удри во пешак

На 28.11.2023 во 20.19 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул.„Прилепска“ и ул.„Караџова“ во Битола, патничко моторно возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.С.(51) од Битола, удрило во пешакот З.С.(38) од Битола.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.