Таткото премиер, синот го наследи, внукот градоначалник, сестрата министер: Ова е фамилијата на Мицотакис, новиот премиер на Грција (ФОТО)

51-годишниот Кирјакос Мицотакис е новиот премиер на Грција. Тој ја продолжува семејната лоза на фамилијата Мицотакис, која, кога е во прашање политиката, е главна во Грција речиси 50 години.

Семејството Мицотакис важи за едно од трите најмоќни политички семејства во Грција
Кирајкос е син Константинос Мицотакис, кој беше премиер на Грција од 1990 до 1993 година и кој всушност го почна спорот за името со Македонија. Тој е потомок на познатиот Елефтериос Венизелос.

Ќерка на Констатинос, односно сестра на сегашниот премиер е Дора Бакојани. Таа е добро позната на македонската јавност бидејќи беше на чело на грчката дипломатија од 2006 до 2009 година. Во нејзино време се случи и блокадата на Грција за наше членство во НАТО на самитот во Букурешт во 2008 година.

Нивното владение во Нова Демократија го продолжи Костас Бакојани, син на Дора, кој на последните локлани избори стана градоначалник на Атина.

Извор: “Pressingtv.mk”


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.