“Страшна слика покрај прилепско училиште! Опасно по живот?!” (ФОТО)

Загрижувачка слика во Прилеп! Цели чопори кучиња се шетаат низ целиот град и ја нарушуваат безбедноста на граѓаните.

Најновата фотографија која беше испратена до нас е фотографирана пред ООУ “Кире Гаврилоски”.

Прилепчани велат дека ова не било и дека конечно некој треба да преземе нешто и да почне да го решава овој проблем.

За жал, од друга страна, во изминатиот период бевме сведоци и на малтретирање на кучињата скитници од страна на несовесни граѓани.

Проблемот е особено алармантен во центарот на градот, населбите “Toчила” и “Марино маало”, но во последно време вакви поплаки стасуваат и од речиси сите други населби во Прилеп.

Ниту граѓаните се должни да се соочуваат со овој проблем, ниту кучињата како живи суштества не заслужуваат да бидат убивани и малтретирани.

Конечно некој треба да се свести и ова да стане минато!

Пред неколку дена и познатиот прилепски фризер Крешимир Здравески, преку видео порака на социјалните мрежи даде одлична идеја за целосно решавање на проблемот со кучињата скитници.