Стара е илјадници години, има тунели и премини, но не ја изградиле Египќаните: Неверојатно откритие за големиот чувар на пирамидите

Оваа извонредна древна градба, која е висока 20 метри и долга 57 метри, го претставува гордиот “чувар” на Големата пирамида во Гиза.

Постојат многу енигми за Сфингата, а истражувачите сеуште не знаат кој ја изградил. Една од најтаинствените карактеристики на Сфингата е оригиналното лице и необичната големина на главата во споредба со телото.

Но што всушност знаеме за Сфингата?

За почеток, големата Сфинга во Ефипет се смета за најголемиот камен кип во светот и околу 200 тони камења биле извадени како би се изградил храмот покрај неа.

Во далечното минато, Сфингата била прекриена со песок, и дури во 1905 година било откриено целото тело. Вистинскиот градител на оваа величенствена статуа е непознат, но многу научници сметаат дека фараонот Кхафре ја изградил за време на четвртата династија. Меѓутоа, археолошките и геолошките истражувања покажуваат дека Сфингата е многу постара од четвртата династија.

Студијата претставена на Меѓународната конференција за геоархеологија одржана во Софија под назив “Геолошки аспект на проблемите за датумот на големата египетска конструкција”, авторите Маничев Вјачеслав и Александер Г. Паркхоменко велат дека Сфингата е стара околу 800.000 години.

Големата Сфинга во Египет, заедно со Големата пирамида, се само дел од конструкциите на древниот Египет кои немаат натписи.

Сфингата станала симбол во Новото кралство. Фараонот Аменхотеп II изградил храм од цигли североисточно од Сфингата, додека Рамзес II, кој се смета за еден од најплодните градители на древното кралство, изградил гранитен олтар.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.