Српскиот пејач сподели емотивна анегдота поврзана со Тоше: „Остана тоа сеќавање и фотографијата“

Српскиот пејач Жељко Самарџиќ во емисијата „Живот со стил“, зборуваше за неговата кариера, приватноста, новиот имиџ, а се присети и на спомените кои ги има за нашиот Тоше Проески.

-Случајно се запознав со Тоше. Зет му беше со него. Подоцна дознав дека тоа му бил зет. Имав концерт во Охрид. Бевме во некоја пицерија. Ми пријде зетот.

Ме праша дали млад пејач може да се запознае со мене. Се запознавме, тој ми даде касета како подарок. Кога одевме, ја ставив касетата во комбето и бев фрапиран. Реков дека тоа дете е вонсериски пејач. Сите се согласија со мене.

Следната година настапував на Сунчане Скале во Херцег Нови, се појавува момче, јас не ги запомнив ни името ни презимето. Бев третопласиран, потоа едно момче кое ја доби втората награда и потоа групата „Макадам“.

Ми кажа дека е од Македонија. Му кажав дека сум запознал најдобар пејач од младите и дека би сакал кога-тогаш да го сретнам.

Не можам да се сетам на името. Одговори дека е тој. Јас сум Тоше. Го прегрнав! Оттогаш станавме добри другари, редовно се слушавме по телефон.

Бев на неговиот концерт во Белград како поддршка. На тој концерт тој кажа дека на осми март Жељко Самарџиќ има концерт во истата арена. Нема да поверуваш.

Таа арена по неговиот концерт беше најпродаваната арена досега. Остана тоа сеќавање засекогаш како и фотографијата која ја имам со него – раскажа Жељко.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.