“Срамота е во 21 век да газиме кал во град”: Жителите од оваа прилепска улица бараат асфалт од општина Прилеп (Фото)

Жители од улицата “Зеленгора” или по ново “Кресненско востание” од Прилеп, бараат асфалт од општината.

Улицата која се наоѓа покрај железничката пруга е во катастрофална состојба, а на жителите им создава огромни проблеми кога времето е врнежливо.

Тие ги испратија овие фотографии до нашата редакција и побараа општина Прилеп во најскоро време да го реши нивниот проблем.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.