Спаѓа во групата на најздрава храна: Сите лековити својства на лукот

Уште од минатото, познато е дека лукот има лековито дејство. Тој се користи за лекување на многу различни болести.

И покрај тоа што има непријатен мирис, тој спаѓа во групата на најздрава храна. Ова растение е богато со минерали, калциум, железо, фосфор, сулфур, Витамин А, Б1, Б2, Ц…

1. Лукот е одличен лек против настинки затоа што помага при отстранување и намалување на густиот секрет. Исто така делува и против грчеви и воспаленија.

2. Лукот го зајакнува имунолошкиот систем. При тоа, ги намалува гасовите, дијареата…

3. Делува смирувашки врз нас и го подобрува расположенито…

4. Лукот има антибиотско дејство кој делува на бактериите, вирусите и паразитите!

5. Лукот го намалува крвниот притисок како и нивото на холестерол во крвта. Покрај тоа, го спречуваат згрутчувањето на крвта. Лукот го намалува ризикот од појава на срцеви заболувања и инфакрт дури за 50%.

6. Лукот содржи многу состојки со антиканцерогено дејство што значи дека ја спречува појавата на рак.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.