Силата на народот! Францускиот претседател Макрон се откажа од зголемувањето на данокот за гориво после силниот народен отпор

Францускиот премиер Едуар Филип објави денеска дека на шест месеци се одложени три фискални мерки, вклучувајќи го и данокот за горива, почнувајќи од 1-ви јануари.

Протестите на “жолтите елеци”, започнаа на 17 ноември, против зголемувањето на данокот за дизел горивото, кое го планираше францускиот претседател Емануел Макрон, во целта за борба против климатските промени и заштита на животната средина. Истите ескалираа во саботата, при што настанаа судири помеѓу демонстрантите и полицијата.

Повеќе од 400 луѓе беа уапсени, а беа оштетени голем број културни и историски споменици, помеѓу кои и Триумфалната капија.

“Треба да бидете глув и слеп, а да не го слушнете или видите овој бес. Французите кои ги облекоа жолтите елеци сакаат данокот да падне и сакаат работа за да можат да плаќаат. Тоа е она што и ние сакаме. Ако не сум успеал тоа да го објаснам, ако владеачкото мнозинство не успеа да ги убеди Французите, тогаш нешто мора да се промени”, порачал Филип.

Протестите од средината на ноември преминаа во општ бунт против Макрон, со лавина критики на сметка на неговите политики, како што тврдат граѓаните на Франција. Тие велат дека на овој начин се фаворизираат припадниците на најбогатите слоеви во општеството.