Дише ли Прилеп безбеден воздух? Фотографии од Маркови Кули кои ќе ве фрапираат!

Деновиве на социјалните мрежи се повеќе се дискутира за тоа каков воздух дишат прилепчани.

Ако се има во предвид дека државата ни е една од најзагадените во светот по квалитетот на воздухот, веројатно бројката на ПМ10 и ПМ20 честички е над дозволеното и во Прилеп.

Градот нема мерна станица за мерење на квалитетот на воздухот, иако актуелниот градоначалник ја вети во предизборието.

Прилепчани на социјалните мрежи се погласно пишуваат дека воздухот “смрди” и дека кога ќе се приберат во домовите миризбата се чувствува на нивната облека.

Фотографиите во продолжение се направени денеска од крстот на Марковите Кули, па според она што се гледа на нив проценете каков воздух дишат прилепчани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.