Сеќавање на една од најголемите прилепски актерски легенди! Денеска ќе наполнеше 78 години!

На овој ден е роден еден од најголемите актери во Македонија, Благоја Спиркоски-Џумерко.

Денес ќе наполнеше 78 години, но за жал тој повеќе не е со нас.

Спиркоски е роден на 6 февруари во 1946 година во Прилеп, од татко Киро и мајка Марија. Бил член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година сè до неговото пензионирање. Остварил голем број на улоги, меѓу кои најзапаметен ќе остане по улогата на Итар Пејо во ТВ-драмата „Солунски патрдии“. Одиграл улоги и во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, ТВ-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“. Носител е на наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ од 2011 година. Почина во Прилеп на 11 јуни 2015 година.

Покрај таа за животно дело, Џумерко е добитник и на следните други награди:

-Награда “Ристо Шишков”
-Награда за најпопуларно ТВ-лице на “Екран” за улогата на “Пејо” во “Солунски патрдии”
-Награда 3-ти ноември
-2006 – Награда „Петре Прличко“

Почивај во мир великану!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.