Секоја чест! 110 учесници за Водици во Прилеп, од нив 6 девојчиња ќе скокнат по светиот крст

По повод празникот Богојавление – Водици, во недела 19 јануари во 11.00 часот, 110 души од кои 6 девојки ќе скокнат во базенот од аквапаркот кај хотелот „Салида“ во Прилеп, со желба први да стигнат до крстот.

Од Прилепското архиерејско намесништво информираат дека Богојавленскиот водосвет, односно чинот на фрлање на крстот ќе биде извршен во 11 населени места на територијата на општина Прилеп.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.