Северна Ирска не’ направи пapтал во Скопје: 11 пати нашата голманка ја вадеше топката од мрежата

Македонската женска фудбалска репрезентација попладнево во Скопје загуби од Северна Ирска со 0:11.

Се работи за натпревар од петтото коло во рамките на квалификациите за Светското првенство во групата Д.

Македонија има само една победа и скор од 6 постигнати и дури 29 примени погодоци во пет одиграни средби.

Нашите фудбалерки триумфираа само против Латвија на гостински терен, а во нашата група уште се и Англија, Австрија и Луксембург.

На денешниот натпревар во Скопје, девојките од Северна Ирска дури 7 пати го пронајдоа патот до нашиот гол во првото полувреме, а во второто уште 4 пати беа прецизни.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.