(Рецепт) Kaшлицата ќе исчезне: Природен лек од две состојки

Со овој природен лек ќе се намали кашлицата и воспалението на грлото.

Кромидот е многу хранлив и здрав зеленчук. Во себе содржи пектин и глукокинин со антибakтepиско дејство. Исто така, богат е со фолна киселина, калциум, фосфор, магнезиум, хром, диетални влакна и јод, кои имаат антивиpycни својства. Меѓутоа, во составот на кромидот се и витамините А1, Б1, Б2, ПП, Ц и фитонцид.

Витаминот А го овозможува правилното функционирање на имунолошкиот систем и заедно со витаминот Б2 овозможува правилно функционирање на слузницата и дишните патишта. Витаминот Ц го зајакнува имнунолошкиот одговор на организмот.

Сирупот од кромид е едноставен за подготовка, а може да го конзумираат и возрасни и деца. Се препорачува за намалување на кашлица, намалување на мукус (количината на слуз во дишните органи), намалување на телесната температура и други воспаленија.

Рецепт: Потребна ви е една главица на црвен кромид и 2-3 лажици мед.

Исечете го кромидот на мали коцки и додајте го медот. Оставете ги поклопени неколку часа. По 3-4 часа исцедете 4-5мл сируп. Најдобро е секој ден да правите нов сируп, бидејќи со текот на времето исчезнуваат нутритивните вредности.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.