(Рецепт) Вистинска витаминска бомба: Овој домашен сок го зајакнува имунитетот- еве кој не смее да го пие

Потребни состојки:

-3 лимони
-15 грама свеж ѓумбир
-115 мл обична вода
-2 лажици мед
-¼ лажица кајанен пипер

Подготовка:

Излупете го лимонот па заедно мешајте го плодот со ѓумбирот и водата во блендер. Исцедете ја течноста во посебен сад. Во течноста додајте го пиперот и медот и добро промешајте. Ставете ја смесата во стаклено шише и оставете ја во фрижидер.

Како се пие?

Секој ден конзумирајте 30 мл од овој сок промешан со 30 мл обична вода.

Внимавајте! Овој сок не се препорачува за луѓето кои имаат гастритис или оние кои не може да поднесуваат силни зачини.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.