“Пропадна “асфалтирањето” со бекатон и тампон во Прилеп?!” (ФОТО)

Пропадна “проектот” за “асфалтирање” на ударните дупки низ прилепските улици со тампон и бакатон плочки.

Она што беше најавено како привремено решение од општината, се чини се планирало да биде трајно, но не издржа.

Ваква е состојбата на улицата “11 Oктомври” каде граѓаните “уживаат” во благодетот кој им беше овозможен после еден ваков крупен зафат.